
Комо по повеќе од две децении успеа да се врати во Серија А. Тоа е прв тренерски успех за Цеск Фабрегас, кој откако ја заврши играчката, веднаш се посвети на тренерската кариера.
Директор на Комо е Денис Вајс, некогашниот фудбалер на Челси, па структурата секако наложува сериозна поврзаност со Островот.
Оттаму најверојатно ќе пристигне и првото засилување, легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди. Тој вчера го следеше мечот против Козенца (1-1) по кој Комо се врати во елитата.
„Зошто сум овде? Отсекогаш сум сакал да погледнам еден натпревар во Италија. Имав среќа да присуствувам на мечот со кој Комо избори историски пласман во Серија А. Јас да играм за Комо? Стар сум веќе, но којзнае, сѐ може да се случи“, изјави Џејми Варди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
