Connect with us

Комити збеснаа по провокациите од Столе Стојчевски

Силекс го доби дербито против Вардар (1-2) на комплексот на ФФМ, а Столе Стојчевски го прослави на бурен начин со гестикулации. Навивачката група Комити ова го сфати навистина лично, со оглед дека дефанзивецот на Силекс во минатото го носеше дресот на Вардар. Тој мораше да покаже малку повеќе почит кон најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

„Нападите“ над Стојчевски продолжија на социјалните мрежи, а тој мораше да се извини јавно за својот потег. Смета дека сепак не сакал да провоцира, туку само дека ја прославувал важната победа на својот сегашен тим Силекс.

Кратовци и понатаму се непоразени во Втората лига Запад и имаат освоено 31 бод на 11 натпревари. Вардар е во трка за втората позиција заедно со Воска Спорт.

Advertisement

Facebook

Тимови