
Фудбалскиот клуб Вардар денеска почна со подготовки во тренинг кампот во Хиподром, а Комитите, но и дел од вработените од маркетинг секторот, не добиле дозвола да влезат во кампот. Поради ова, Комитите најавија дека ќе го блокираат влезот и излезот.
„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци” и сопственикот Атила Бижен Жалили.
Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, објавија Комитите, кои во моментот раководат и со фејсбук страната на ФК Вардар, која од новото раководство е „прогласена“ за нелегитимна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
