
Завршува Европско. Сонот наш од детство. Горди сме затоа што Македонија беше дел од елитата. Се пееше македонската химна, трепереа македонските срца, бевме тука заедно со најголемите. Вечерва е мечот со Холандија. Тоа е фудбалска велесила, но срцата ни се стегаат затоа што ќе биде тоа и последниот танц на Гранде Пандев. Не сакаме да заврши, затоа што НАЈГОЛЕМИОТ ќе се збогува. И веќе ништо нема да биде исто, но ќе остане запишано во историјата, ќе го паметат генерации, ќе го прераскажуваат поколенија.
Неизмерно сум среќен и горд што бев дел од генерацијата што Гранде Пандев ја предводеше до Европско првенство. Се сеќавам кога дојдов првпат во националниот тим, а тој ме пречека како да се знаеме сто години. Ми подаде рака, и на мене и на сите останати, го сплоти ова семејство и не водеше кон најголемиот успех. И верувајте, бестрашни сме, затоа што знаеме кога е најтешко, тука е Гранде. Ќе даде гол, ќе асистира, ќе помогне со совет, ќе те бодри и кога не ти оди. Нема зборови за да се опише неговата големина.

Во Италија е фудбалско божество. Во земјата каде играа Марадона, Зидан, Ван Бастен, Дел Пјеро… Колку е голем, најдобро отсликува можеби ова. Минатиот пат кога игравме со Удинезе во Џенова, половина од вработените побараа од мене да го замолам Пандев да им донесе дрес. Гранде дојде како господин, донесе десет потпишани дресови со посвета и ги израдува сите. Тоа е големина, тоа е величина, тоа е икона, тоа е легенда.

Не сакаме да заврши мечот со Холандија, оти Гранде Пандев ќе се збогува. НАЈГОЛЕМИОТ! Македонија нема да може никогаш да му се оддолжи. Може само да му биде благодарна што го има!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski