Connect with us

Колумбија во финале, а Дарвин Нуњез со тупаници си го спасуваше семејството на трибините (ВИДЕО)

Колумбија победи во натпревар полн со прекини и грубости против Уругвај (1-0) и ќе игра во финалето против Аргентина.

Џеферсон Лерма беше клучен, постигнувајќи гол со глава на крајот од првото полувреме за победа за финале. Колумбијците останаа без исклучениот Муњоз во последната минута од првото полувреме, кој доби втор жолт картон.

Сепак, успеаја да се одбранат, и покрај острите стартови и картоните.

На крајот од натпреварот, на трибините имаше инциденти, каде семејствата на фудбалерите на Уругвај беа сместени блиску до играчите. Нуњез, кога започна тепачката, скокна на трибините за да го заштити своето семејство. Паднаа удари, и на крајот фудбалерот на Ливерпул ја извлече својата ќеркичка од гужвата и ја утеши на теренот.

Полицијата не беше присутна на стадионот во Шарлот кога започнаа проблемите.

Себастијан Хименез изјави дека пијани навивачи на Колумбија ги напаѓале нивните семејства и го обвини организаторите дека дозволиле дивеење и дека ситуацијата излезе од контрола.

Колумбија, која ќе игра за својата втора титула на Копа Америка, нема пораз веќе две и пол години, а последен пат изгубија токму од Аргентина, и тоа еден месец по Светското првенство во Катар, кога „гаучосите” станаа светски шампиони.

Финалето се игра ноќта меѓу недела и понеделник во Мајами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови