
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран официјално се пресели од Астон Вила во саудискиот Ал-Наср за 77 милиони евра, плус потенцијални бонуси.
Младиот напаѓач беше дел од Астон Вила повеќе од две години, период во кој тимот под водство на Унаи Емери направи огромен исчекор – од средината на табелата до учесник во Лигата на шампионите.
Иако потпиша за клуб од Ријад, според повеќе извори, Дуран ќе живее во Бахреин. Оваа одлука ја донел бидејќи во Саудиска Арабија невенчаните двојки не смеат да живеат заедно, а тој сака да биде со својата девојка. Поради тоа, секојдневно ќе патува околу 500 километри со авион до тренинг-центарот на Ал-Наср, што трае околу час и половина.
Во сезоната 2023/24, Дуран забележа 29 настапи и постигна 12 гола, но импресивно е тоа што најчесто влегуваше од клупата – започна само седум натпревари. Според статистиката, во просек постигнуваше гол на секои 85 минути, а аналитиката покажува дека реализирал многу потешки шанси од очекуваното.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
