
Фудбалската репрезентација на Франција забележа важна победа од 1-2 против Белгија во Брисел, што им овозможи да ги задржат шансите за освојување на првото место во групата 1 од Лигата А. Рандал Коло Муани блескаше со два гола за Франција, додека Лоис Опенда постигна гол за Белгија, откако претходно Јури Тилеманс не успеа да реализира пенал.
Во последните петнаесетина минути, Франција играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Аурелиен Чуамени.
Италија е на врвот на групата со 10 бода, откако со убедлива победа од 4-1 против Израел на домашен терен стигна до третата победа. Ди Лоренцо постигна два гола, а Ретеги отвори серијата со пенал. За Израелците, единствениот гол го постигна Абу Фани.
Германија ја победи Холандија со 1-0 на „Алијанц арена“ со голот на Џејми Левелинг во 63-та минута. Унгарија, пак, славеше на гости против БиХ со 0-2, а двата гола ги постигна Домоник Шобослаи.
Во Лигата Б, Турција оствари гостинска победа (2-4) против Исланд, Украина и Чешка завршија со реми 1-1, а Велс ја продолжи лошата серија на Црна Гора со победа од 1-0.
Во Лигата Ц, Шведска ја победи Естонија со 0-3, при што Нанаси постигна два гола, а Ѓокереш дополни со уште еден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
