
Реал Мадрид и Борусија Дортмунд утревечер на „Вембли“ ќе играат во финалето во Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант ќе се бори за својот 15. трофеј на турнирот, додека „жолто-црните“ ќе се обидат да стигнат до честа првпат по 1997 година.
Колку пари ќе земе победникот во сабота навечер?
Наградниот фонд на УЕФА расте секоја година, со речиси 1,8 милијарди долари кои ќе бидат доделени оваа сезона во Лигата на шампионите. Тука спаѓаат и парите што ќе ги добијат сите екипи кои учествуваа во групната фаза од натпреварувањето.
55% од освоениот износ на секоја екипа се формира врз основа на настапот на турнирот.
На победникот му се доделуваат 21,5 милиони долари, додека поразениот финалист ќе добие 16,12 милиони долари. Во касата на секој полуфиналист влегле 13,2 милиони долари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Бенфика?
