
Во 4. коло од Втората лига – Исток, в недела во Пехчево фудбалерите на Кит Го го пречекуваат тимот на Осогово. По двете претходни ремија со Кожуф и со Плачковица, огромна е желбата меѓу играчите во составот на Емил Грнев да се дојде и до првата победа во новата сезона.
Фудбалерот од средниот ред, Иван Колев вели дека сите во тимот се максимално мотивирано конечно да запиша триумф, и покрај тоа што апсолутно никој не сака да ја потцени екипата на Осогово.
„И покрај тоа што досега нема ниту еден освоен бод во првенството не смееме да ја потцениме екипата на Осогово. Сепак, играме на домашен терен и секако сите во тимот очекуваме прва победа сезонава. Не искористивме многу шанси на претходниот дуел против Плачковица во Радовиш. Верувам дека сега ќе се подобри и реализацијата, па со максимален ангажман на терен ќе стигнеме до посакуваните три бода“ – вели Колев.
Натпреварот меѓу Кит Го и Осогово се игра во недела (15. септември) со почеток од 15:30 часот. Правдата ќе ја дели судиска тројка од Битола предводена од Владимир Ѓоргиевски на кого ќе му помагаат сограѓаните Злате Лозаноски и Николче Дрнковски. Четвртиот судија е Дени Лековски, исто така од Битола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
