Connect with us

Коке за судиите против Барселона: „Тие се купени“ (ВИДЕО)

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, беше принуден да го пропушти дербито против Барселона викендов, откако заработи повреда на тетивата во саботата пред судирот.


Мадриѓаните и без него одиграа на високо ниво на „Камп Ноу“, но, сепак загубија со 1-0.
Камерите за време на натпреварот, сепак, уловија интересен момент со Коке како вели: „Купени се“, мислејќи на судиската тројка на натпреварот.


Случајот е уште поинтересен во контекст на фактот дека Барселона во моментов се соочува со обвинувања токму за долгогодишна корупција во светот на спортот, откако стана јасно дека во текот на 17 години платиле над 7 милиони евра на поранешниот заменик-шеф на судиската комисија Хозе Марија Енрикез Негреира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови