
Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, изрази задоволство што Ламин Јамал ќе го пропушти утрешното дерби против Барселона. Младата ѕвезда на каталонците има повреда и нема да игра на овој важен натпревар од Ла Лига.
„Во моментот имаме еднакви показатели. Овие натпревари се решаваат од мали детали. Јамал е еден од играчите на Барселона кои можат да направат нешто различно. Штета што нема да игра, бидејќи секогаш сакаш да се соочиш со најдобрите, но тоа е во наша корист. Ако еден од најдобрите играчи на противникот не игра, тоа дефинитивно ќе ни помогне“, изјави Коке.
„Никогаш не сум ја победил Барселона како гостин и зошто тоа да не се случи во сабота? Треба да ја прекинеме серијата и се надевам дека токму сега ќе го направиме тоа“, додаде капитенот на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal