Connect with us

Кој клуб од Премиер – лигата има најмногу репрезентативци? – Кристал Палас!

Герет Саутгејт го објави списокот на патници за Европското првенство, а на него немаше место за Џек Грилиш и за Хари Мегваер. Она што е многу интересно гледајќи го списокот е кој клуб има најмногу претставници во националниот тим. Глобализмот и високиот рејтинг на Премиер – лигата, како и последните одлуки на Саутгејт, донесоа зачудувачки податок.

Шампионот Манчестер Сити има тројца претставници (Фоден, Вокер, Стоунс), а можеше да има уште еден доколку името на Џек Грилиш не беше прецртано на крајот, пред објавувањето на финалните 26 имиња.

Главниот претендент Арсенал има исто така тројца претставници – Рамсдејл, Рајс и Сака. Тандемот на Ливерпул го сочинуваат Трент Александар-Арнолд и Џо Гомез, иако, како и Сити, групата можеше да биде посилна за Кертис Џонс кој отпадна од списокот.

Дури четворица репрезентативци на Англија доаѓаат од тимот кој оваа сезона ја заврши на 10. место. Се работи за Кристал Палас.

Клубот од „Селхрст Парк“ има талентирани поединци во секоја линија, почнувајќи од голманот Дин Хендерсон, потоа, тука е Марк Гехи во одбраната, Адам Вортон во средниот ред и Еберечи Езе во нападот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови