
Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека уште тројца фудбалери се позитивни на коронавирус. Со тоа бројката на заболени на „Камп Ноу“ се искачи на десетмина.
Откако вчера беа позитивни Осман Дембеле, Гави и Самуел Умтити, тренерот Чави Хернандез остана со 16 играчи на располагање пред пресметката со Мајорка. Сепак, денеска пристигнаа нови лоши вести во вид на позитивни тестови за Ковид-19.
Имено, инфекцијата ја заработија и Фелипе Кутињо, Сержињо Дест и Абде, кои се приклучија на пртетходните седум и нема да можат да му помогнат на својот тим на овој натпревар.
Чави сега има на располагање 13 фудбалери, од кои тројца голмани, Тер-Штеген, Нето и Пења.
Следниот натпревар на Барселона е в недела против Мајорка и не е исклучено мечот да биде одложен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
