Connect with us

Кој ќе го замени Роналдо во Јувентус? Икарди, Хесус, Влаховиќ…

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо најверојатно ќе го напушти Јувентус по завршувањето на Европското првенство. Новиот тренер Масимилијано Алегри има поинаква концепција, смета дека Роналдо го кочи развојот на тимот и сака да го продаде, а да доведе друг напаѓач кој подобро би се вклопил во неговите замисли.

Роналдо има уште една година од договорот, меѓутоа Јувентус би го продал и за „скромни“ 25 милиони евра само за да се ослободи од неговата годишна плата која изнесува 31 милион евра.

Алегри веќе размислува кој напаѓач би бил најдобрата замена за Кристијано во Јувентус. Во игра е враќањето на Мауро Икарди во Серија А, потоа доаѓањето на Габриел Хесус од Манчестер Сити, како и ангажманот на Душан Влаховиќ од Фиорентина. Најмногу шанси има Влаховиќ, но Фиорентина за него бара отштета од 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови