
Актуелниот шампион Струга Трим Лум остана без тренер откако доживеа два порази на стартот на пролетта. Ќатип Османи си поднесе оставка, која раководството на клубот ја прифати, по поразите од Гостивар (1-0) во Скопје и од Вардар (0-2) на домашен терен.
Стружани сега се во потрага по стратег кој ќе може да ја спаси сезоната. Тимот заостанува во борбата за титулата, но има негатива и во однос на екипите кои се борат за излез на европска сцена. Сепак, предноста на конкурентите не е и недостижна, но ќе треба соодветно да се реагира.
Кој ќе биде новиот тренер на Струга Трим Лум? Еден од сериозните кандидати е Артим Положани. Тој е млад стратег, имаше завидна фудбалска кариера, а потоа работеше како асистент тренер во Партизани Тирана и во Балкани. Во 2024 ја доби довербата и за прв стратег на Балкани.
Ако Струга ТЛ сака нови титули, веројатно ќе треба да одбере тренер што знае како се освојуваат. Тука во игра влегуваат поранешните селектори Мирсад Јонуз и Ѓоко Хаџиевски, кои во моментов се без клупски ангажман, но и малку помладите Илчо Ѓорѓиоски и Влатко Костов.
Од друга страна, јасно е дека првиот поглед на раководството на Струга ТЛ секогаш оди кон Албанија и избор на некој тамошен стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
