Connect with us

Кој ќе биде најдобар? Де Бруин, Халанд или Меси?

Двајца играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин и Ерлинг Халанд, како и Лионел Меси, се тројцата финалисти за наградата играч на годината на УЕФА за сезоната 2022/23, објави европската централа.


Тројцата беа објавени по ефективно гласање од тренерите на клубовите минатата сезона, кои учествуваа во групната фаза на трите турнири – Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига, селекторите на 55 земји членки на УЕФА, како и новинари од Европа. Секој гласач требаше да именува тројца играчи од списокот со 10 имиња.


Победникот ќе биде познат на 31 август во Монако на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите.


Норвежанецот Халанд и Белгиецот Де Бруин блеснаа во минатото издание, помагајќи му на Манчестер Сити да го освои за првпат најпосакуваниот трофеј. Меси, кој летото се пресели од Пари Сен Жермен во Интер Мајами, со Аргентина ја освои светската титула, единствениот голем трофеј што му недостигаше.


Од тренерите номинирани се Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, Симоне Инзаги кој со Интер беше финалист во Лигата на шампионите и Лучијано Спалети кој го направи Наполи шампион на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови