
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15 часот) во Струмица ќе игра пријателски натпревар против Ерменија. Добрата игра против Укранците во Прага, сепак, не го донесе посакуваниот резултат, но селекторот Благоја Милевски и избраниците ќе се обидат да дојдат до позитивен епилог на денешната средба.
Кога се носи дресот на Македонија, секој натпревар е подедднакво важен, вели Елиф Елмас, ѕвездата на Наполи.
„Ќе излеземе на терен сплотрни и ќе се потрудиме максимално да одиграме добар натпревар во кој се надевам дека ќе излеземе како победници. Одигравме одличен меч против Украина, но за жал го изгубивме. Дуелот против Ерменија е важен за нас, затоа одиме да победиме“, изјави Елиф Елмас.
Селекторот Благоја Милевски ќе им даде шанса за докажување на сите фудбалери.
„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. По тешкиот и исцрпувачки меч во Прага, ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени играчи и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне. Контролниот меч против Ерменија, селекција која е квалитетна и одигра одлични квалификации е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Можност ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите. Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и против Ерменија“, истакна Милевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за 15 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Роналдо пред разделба со Ал-Наср?

Евро-фудбал
Сорлот влезе во историјата на Ла Лига (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната
