
Пишува: Никола Ѓуровски
Поранешниот вицепремиер за економски прашања и бизнисмен Кочо Анѓушев денеска официјално се повлече од спонзорирањето на фудбалскиот прволигаш Борец. Компанијата „Брако“ која го имаше мнозинскиот управувачки пакет во клубот одлучи да замине од фудбалот.
Екслкузивно за МАКФУДБАЛ, Кочо Анѓушев вели фудбалот кој во минатото му носел радост и убави моменти, во последниот период и премногу го оптоварувал со нервоза.
„Компанијата „Брако“ одлучи да се повлече од спонзорирањето на ФК Борец. Причините мислам дека на пошироката јавност веќе и се јасни, сите можеа да видат како се одвиваат собранијата на Општинските фудбалски сојузи во ФФМ. Во една таква ситуација, не постои сериозна компанија која на ваков начин би инвестирала во македонскиот фудбал. Сите видоа со какво ниво на луѓе треба да се справуваме и каков е нивниот интерес. Единствено ми е жал за градот Велес, затоа што ФК Борец беше една успешна приказна, за пет години од Третата лига го донесовме до Првата фудбалска лига, и тоа како значаен фактор на полусезоната позициониран на петтото место“, вели Кочо Анѓушев за МАКФУДБАЛ.
Од задоволство и уживање, спонзорирањето на ФК Борец на Кочо Анѓушев му донело многу нервози.
„Во минатото фудбалот ми претставуваше задоволство и релаксација, уживање, сум одел и на тренинзите на тимот, не сум пропуштил ниеден натпревар на ФК Борец. Сега, по последните случувања, за жал, фудбалот ми носи само нервози. Морам нешто да напоменам, дека не се работи толку до финансиите кои ќе бидат вложени, туку до односот на федерацијата кон инвеститорите во македонскиот фудбал. Отсега компанијата „Брако“ како општествено одговорна компанија, истите тие финансии ќе ги инвестира во помагање на млади научни кадри и во образованието“, потенцира бизнисменот.
ФК Борец ќе биде оставен без долгови, а фудбалерите ќе добијат плата за јануари и слободни документи да си заминат до крајот на зимскиот преоден рок кој во Македонија истекува на 11 февруари.
„Моравме оваа одлука да ја донесеме сега, затоа што не сакаме клубот да го оставиме на цедило. ФК Борец ќе биде оставен без долгови и се надеваме дека ќе биде преземен од други спонзори, а на фудбалерите и на стручниот штаб ќе им биде исплатена плата за јануари и ќе добијат слободни документи да заминат“, изјави Кочо Анѓушев.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Сонот на Меси, страста на Мароко и демократијата на Катар
Светското првенство функционира секогаш и секаде. Нема ништо слично, тоа е најразновидниот настан во...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Играат добро, ама бадијала – ако не победуваат!
Каде бевте? На натпревар. Што направивте? Игравме добро. Не, не, што направивте? Резултат…Загубивме. Ама,...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
ПСЖ не го пушти Кејлор Навас во Нотингем Форест

Евро-фудбал
Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Евро-фудбал
Реал остана без Менди во следните два месеци

Прва лига
Шкендија поразена од ЦСКА 1948

Евро-фудбал
Наполи ја тресна и Рома (ВИДЕО)

Прва лига
Алтипармаковски се враќа во Брегалница

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј го купи Унахи
