
Футсал клубот КМФ Железарец реагира на скандалот што се случил непосредно пред мечот со КМФ Форца, откривајќи дека со одлука на „некој директор“, ја заклучиле салата „Антон Димитров“ во Бутел.
„Наместо дерби, наместо вечервно футсал уживање, доживуваш намерно да ти гасат струја во сала од оние кои до вчера плачеа дека немале услови за тренинг и за натпревари. Одговорните за одржување во салата „Антон Димитров“ во Бутел, ти кажуваат дека „ни Меси да дојде, не смеат да го пуштат“, затоа што добиле таква наредба од некој си господин директор од некој си ракометен клуб. Наредба од повисока истанца, како тоа сериозно звучи!!! Но, во брзање да ја заклучат салата, забораваат дека внатре се уште неколку ракометари кои остануваат заклучени ракометари. Управите, стручниот штаб, играчите и публиката, делегатот и полицијата и натаму се во шок и чудење дека во 21 век некој залутан лик во спортот, лечи свои комплекси. Господине директор, залутан спортски неработнику, КМФ Железарец е достоен да игра во секоја сала, не поради името, туку поради ѕвездите кои ги носи на своето лого, ако сте писмен да знаете што значат тие. Нека ви служи на чест!“, стои во реакцијата на КМФ Железарец.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
