Connect with us

Клупските другари го посетија Пабло Мари во болница

Делегација на играчи на Монца вчера го посети повредениот соиграч Пабло Мари. Тоа беше прва средба на клупските другари со фудбалерот кој во четвртокот беше избоден со нож во супермаркет во Милано.


Монца испрати писмо за преместување на натпреварот од 12. коло во Серија А против Болоња во понеделник, но лигата одби да го стори тоа.


Пабло Мари ова лето дојде во Монца како позајмен од Арсенал со опција за откуп на крајот од сезоната.


Дефабзивецот беше избоден во четвртокот вечерта кога купувал производи со сопругата и со детето, а ненадејно од зад грбго нападнал 46-годишен маж кој бил на психијатриско лекување. Тој по случаен избор избоде уште шестмина луѓе и убил една жена.


Пабло Мари по нападот беше опериран итно, а неговото враќање на теренот се очекува за околу три месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови