Connect with us

Клоп: Зошто ми е нов играч, да го носам со себе на летен одмор?

Ливерпул ја декласира Спарта Прага со 1-5 на гостувањето во Чешка и речиси го осигура пласманот во следната рунда од Лига Европа. „Црвените“ блескаа, а Дарвин Нуњез постигна два гола.


Забавата сепак дојде по натпреварот, кога Јирген Клоп одговараше на новинарски прашања. Тој требаше да одговори дали му се допадна некој фудбалер на противничкиот тим.

Одговорот на Германецот во последните неколку часа стана вирален со доза на тага за навивачите на „црвените“, бидејќи повеќето од нив веќе почнуваат да сфаќаат дека од новата сезона на „Енфилд“ ќе седи нов тренер.

„Ќе одам во пензија на лето. Можеби сакаш да го носам со мене на одмор?“, одговори Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови