
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го пофали Дарвин Нуњез откако напаѓачот реализираше пенал и постигна гол на своето деби. „Црвените“ го добија натпреварот за „Комјунити Шилд“ против Манчестер Сити со 3-1.
Уругваецот влезе како резерва, но добро се снајде и имаше голем придонес за победата.
„Придонесот на Нуњез беше добар, многу добар. Очигледно тој ќе биде подобар со текот на времето. Живееме во свет во кој сите пребрзо им судат на играчите. Тоа не е добро за никого, но тоа се случува постојано”, изјави Клоп.
„Во првите неколку натпревари бевме далеку од нивото на кондиција кое го достигнавме сега. Кога влезе Нуњез, му додававме за да ја брка секоја топка. Тогаш луѓето ги оценуваа неговите први допири. Лудо е, но мора да живееме со тоа. Тој заврши одлична работа. Бевме трпеливи, знаеме за што е способен“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
