Ливерпул ја надомести раната негатива на гостувањето кај Вулверхемптон и со камбек во второто полувреме победи со 1-3. „Волците“ поведоа во седмата минута преку Хванг, но Салах потоа ги пронајде Гакпо (55.), Робертсон (85.) и Елиот (95.) за победа на „црвените“.
По пет кола, Ливерпул е третопласиран со 13 бода, колку што има и Тотенхем пред него, додека Манчестер Сити е перфектен со 15 бодови.
Јирген Клоп, сепак, не е задоволен и сликовито ги опиша проблемите на неговиот тим во првото полувреме.
„Како да сме се собрале првпат на паркинг пред натпреварот“, изјави Германецот за организацијата на својот тим.
„Среќа што бевме толку лоши, што потоа не можевме да бидеме полоши во второто полувреме. Го сменивме системот и еден играч, добивме поголема природна брзина напред и ја контролиравме играта“.
Клоп објасни дека и најдобрите тимови можат да имаат лош ден, или барем лошо полувреме.
„Имаме добар тим, без сомнение. За среќа, имавме и супер-силна клупа. Но, дури и со толку квалитет, може да се игра лошо, како во првото полувреме“, потенцираше германскиот стратег.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













