Connect with us

Клоп: Тоа што сме на врвот во овој момент, не значи ништо

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува сериозен тест за неговиот тим на гостувањето кај Нотингем Форест. „Црвените“ водат во табелата во Премиер – лигата и сѐ уште се во еуфорија по освојувањето на Лига купот.


Сепак, во тимот има уште многу повредени, а се испостави дека Енди Робертсон и Алекс Мекалистер се болни. Постои шанса Дарвин Нуњез и Доминик Шобошлаи да играат, но не и Мохамед Салах, кој најверојатно нема да се врати уште една недела.

„Сега сме само бод пред Манчестер Сити и два пред Арсенал, што не значи ништо. Но, да се биде на 60 бода во оваа фаза од сезоната е доказ за нивото на кое сме. Но, ако останеме со овие 60 бода, веројатно нема да бидат доволни за место во Лигата на шампионите. Тоа значи – да продолжиме понатаму! Пред две години имавме посилен тим и имаше конкуренција за секоја позиција. Сегашната ситуација покажува дека сме способни да се избориме и покрај сѐ“, изјави Јирген Клоп.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови