Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, соопшти дека клучни играчи се враќаат во тимот за вечерашниот натпревар против Аталанта во Лига Европа.
Како што беше најавено, со тимот веќе извесно време тренираат Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд и Диого Жота, како и Стефан Бајчетиќ и сите се подготвени за натпреварувачки ритам.
„Жота и Трент веќе некое време тренираат со нас и тоа е добра вест. Исто така, Алисон е во завршна фаза на опоравување и ќе се врати на голот. Ситуацијата со Бајчетиќ е малку поинаква, бидејќи тој беше надвор од терените долго време“, изјави Клоп.
Како што стојат работите, повратниците би можеле да добијат малку време за игра вечерва против Аталанта, а потоа постепено и во викендот кога Ливерпул ќе му гостува на Кристал Палас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













