Англискиот првак Ливерпул не е во најдобар ритам во Премиер – лигата, но затоа одлично ја отвори нокаут фазата во Лигата на шампионите со триумф (0-2) против Лајпциг. Менаџерот Јирген Клоп ги пофали своите избраници, но и вели дека речиси сите очекувале неговиот тим повторно да загуби.
„Лајпциг се ѕверови, фантастично подготвен тим, а ние одигравме перфектно. Бевме навистина одлични и ја заслуживме победата. Бевме цврсти во одбраната, имавме брза реакција по загубена топка за повторно да го вратиме поседот, но ова е само прв натпревар од осминафиналето. И знам дека сите очекуваа повторно да загубиме“, изјави Јирген Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













