
Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа го напушти клубот во кој пристигна во 2015 година и му ја донесе титулата англиски и европски шампион. Германските медиуми пишуваат за планот на Германската фудбалска федерација која ќе се обиде да го убеди славниот стратег да ја преземе репрезентацијата.
Клоп во кариерата седеше на само три клупи. Со Мајнц се врати од Втората лига во Бундес-лигата, со Борусија Дортмунд освои сѐ во Германија и играше во финалето на Лигата на шампионите, а на Ливерпул му донесе осум трофеи, меѓу кои и двете најважни.
Новото поглавје од неговата кариера би можело да се поврзе со националниот тим.
Германските медиуми наведуваат дека по Европското првенство федерацијата повторно ќе бара нов селектор.
Џулијан Нагелсман е под договор само до крајот на тоа натпреварување, а Клоп е голема желба на навивачите.
„Тој е апсолутен сон на мнозинството“, пишува „Ди Велт“.
Клоп најави дека му е потребен одмор, но доколку биде следниот селектор на Германија, тогаш првиот натпревар ќе го има дури во март 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal