
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не можеше да не биде задоволен по победата и елиминацијата на Арсенал (0-2) од ФА Купот. Тој ги пофали своите играчи за карактерот што го покажаа на „Емирати“.
„Многу сум горд на тимот. Тоа беше најтешкиот противник што можевме да го имаме во оваа фаза од натпреварувањето. После сите работи со кои требаше да се справиме, тоа е голем успех. Арсенал излезе со поинаква стратегија и тоа беше паметен потег. Во првото полувреме не уживав да ја гледам екипата како игра, но во вториот дел се вративме, постигнавме два гола и им дадовме шанса и на децата. Се боревме 95 минути и сега ни претстои зимската пауза“, изјави Клоп.
„Јасно беше дека мораме да направиме промени. Многу сум среќен и горд што успеавме да победиме на овој натпревар. И Арсенал можеше да победи, без никакво сомневање. Но, ние го направивме тоа, покажувајќи каков карактер има тимот“, додаде Германецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
