Англискиот првак Ливерпул ниту од далеку не ја повторува одличната сезона што ја имаше лани, а по последниот пораз од Лестер (3-1) и менаџерот Јирген Клоп призна дека неговиот тим веќе нема шанси за одбрана на шампионскиот трофеј. „Црвените“ имаат 13 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити, кој има и еден одигран натпревар помалку.
„Не сме луди, знаеме дека титулата е недостижна“, изјави Јирген Клоп.
Потоа се осврна и на грешките што Ливерпул ги направи и му дозволи на Лестер за шест минути да постигне три гола.
„Постигнавме прекрасен гол, а потоа примивме еден чуден, што и јас мислам дека беше офсајд. Потоа голот за 2-1 беше едно големо недоразбирање во нашиот тим и така натпреварот кој претендиравме да го добиеме и имавме водство, се претвори во пораз“, истакна менаџерот на Ливерул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













