
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може да се соочи со сериозна казна за неговото непримерно однесување за време и по вчерашната драматична победа на неговиот тим против Тотенхем со 4-3, како и за неговите коментари по натпреварот. „Црвените“ победија со голот на Диого Жота во последните секунди од натпреварот, а по голот германскиот стратег трчаше и се пофали во лицето на четвртиот судија Џон Брукс.
По натпреварот, Клоп продолжи со нападите врз судиите, бесен на одлуката на судијата Пол Тирни да му досуди слободен удар на Тотенхем што доведе до израмнување на Ришарлисон на 3-3.
Менаџерот на Ливерпул даде интересна изјава за „Скај Спорт“.
„Она што тој (Тирни) ми го кажа тогаш кога ми го даде жолтиот картон… Не е можно. Но, ниту тоа не е нормално“, додавајќи дека судијата му рекол нешто „неприфатливо“.
„Ние имаме своја историја, историја со г-дин Тирни. Навистина не знам што има овој човек против нас. Тој секогаш ќе каже дека нема ништо, но тоа не е вистина. Не може да биде така, јас не го разбирам тоа. Навистина не сум сигурен дали тоа е поради мене, начинот на кој тој ме гледа. Не го разбирам тоа”, истакна Клоп.
Овие коментари може да доведат до забрана на Клоп да го води Ливерпул и голема парична казна, а ФА на Англија ќе започне истрага против германскиот менаџер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal