Connect with us

Клоп: Јас би гласал да се укине ВАР во Премиер-лигата

Претставниците на клубовите од англиската Премиер – лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР-системот. За да се укине ВАР потребно е за таа опција да гласаат најмалку две третини од клубовите. Во случајот со Премиер – лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, одржа прес-конференција во пресрет на натпреварот со Вулверхемптон во недела од 17 часот, во последното 38. коло од англискиот шампионат. Тоа ќе биде последен натпревар за Ливерпул оваа сезона, а воедно и последен за Клоп на клупата по осум години минати во клубот.

На Клоп му беше поставено прашање и за ВАР-ситемот.
„Мислам дека гласот не е против ВАР, туку начинот на кој се користи и секако не е коректен. Со оглед на начинот на кој сега работат, би гласал „против“ бидејќи овие луѓе не знаат како да го користат правилно“, одговори Клоп.

„Би-Би-Си’ дозна дека Ливерпул ќе гласа за задржување на ВАР, а Клоп додаде: „Мислам дека проблемот не е во ВАР, тоа е начинот на кој се користи. Не можете да ги замените луѓето, очигледно ви требаат. Затоа би гласал да се укине ВАР“.

ВАР (Видео асистент судија) беше воведен во Премиер – лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со него се постојаните прашања во англискиот фудбал.

Предлогот за укинување е даден на иницијатива на Вулверхемптон, аргументите се многубројни, а еден од нив е дека ВАР го промени односот на навивачите кон фудбалот поради задоцнетите прослави на головите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови