Connect with us

Клоп: Голем неуспех, нема оправдување

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, размислуваше за неспособноста на неговиот тим да ги контролира натпреварите оваа сезона, откако прими гол во финишот и изненадувачки загуби од Лидс (1-2) на „Енфилд“. Ливерпул прими рано гол, но израмни преку Мохамед Салах.


„Црвените“ имаа речиси 70% посед на топката и имаа 10 удари кон противничкиот гол, но сепак останаа со празни раце бидејќи беше прекината серијата од 29 натпревари без пораз на домашен терен.

„Тоа е неуспех, апсолутно. Мислев дека имавме навистина добар почеток, а потоа го примивме несреќниот гол. Постигнавме израмнувачки гол, но поради некоја причина ни беше тешко да ја контролираме играта и загубивме премногу топки. Момците се обидоа, имавме чисти шанси, но на крајот примивме втор гол. Харви Елиот беше извонреден за нас оваа сезона, но не можеше да продолжи. Тијаго беше болен, а во нападот истите играчи играат цело време. Но, нема оправдување“, изјави Клоп за Sky Sports.

Ливерпул има првенствени натпревари против Тотенхем и Саутемптон пред Светското првенство следниот месец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови