Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека во минатото имал понуда да го преземе Манчестер Јунајтед, но ја одбил затоа што не бил убеден во проектот на „црвените ѓаволи“.
Германецот во интервју се наврати на 2016 година, кога преговарал со раководството на Јунајтед, но по разговорот сфатил дека нивната визија не се совпаѓа со неговите принципи.
„Беше 2016 година. Ми кажаа неколку работи на состанокот кои едноставно не ми се допаднаа. Сѐ звучеше како да можам да добијам кој било фудбалер што ќе посакам — ’ќе го земеме овој, овој и овој‘. Седев таму и си мислев: тоа не е мој тип проект, жал ми е“, рече Клоп.
Тој додаде дека не сакал враќање на големите имиња само за маркетинг-ефект.
„Не сакав Пол Погба да се врати, не сакав ниту Кристијано Роналдо да се врати. Таквите нешта не функционираат долгорочно и не му помагаат на проектот на клубот. Нивната идеја беше да ги донесат најдобрите играчи, но не и вистинскиот фудбал. А потоа дојде вистинскиот фудбалски проект — Ливерпул!“, заврши Клоп.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal













