
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не беше особено задоволен ниту од ремито без голови со Кристал Палас, ниту од настапот на неговиот тим.
„Ми се допадна почетокот на натпреварот, имаше динамика и добри додавања. Противникот не упати ниеден удар и создадовме неколку шанси. Салах ја погоди гредата, Жота промаши со глава, а на крајот од мечот убава можност имаше Гакпо. Обично користиме една или две од тие шанси, но не овојпат“, изјави разочараниот Клоп.
„Бевме премногу предвидливи, а тоа му помага на противникот посмирено да се брани. Да се биде непредвидлив бара разновидност. Честопати самите ја губевме топката, но и домаќините беа многу агресивни. Останува чувството дека не одигравме на нивото што го посакувавме, но сепак добивме бод“, додаде Германецот.
Ливерпул има 36 бодови и се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер – лигата. Во следното коло „црвените“ му гостуваат на Вулверхемптон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
