Connect with us

Клоп: Барнли за нас беше полуфинале, Кристал Палас е финале за пласман во ЛШ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја коментираше победата над Барнли (0-3) во претпоследното коло од Премиер – лигата со која тимот се искачи на четвртото место на табелата кое носи пласман во Лигата на шампионите.


„Тоа беше за нас полуфинале и го добивме. Моравме да го сториме тоа. Ништо сè уште не е решено, но ја подобривме нашата позиција во борбата за Лигата на шампионите. Ние го заслужуваме тоа затоа што игравме добро против Барнли. Финалето е пред нас. Треба да се освежиме што е можно побрзо и да се подготвиме за последниот натпревар. Навистина со нетрпение го очекувам, бидејќи на „Енфилд“ ќе има 10.000 навивачи. Сè уште ништо не е решено, Кристал Палас е многу силен тим“, изјави Клоп.

Ливерпул има четири гола предност во однос на Лестер што се однесува со гол-разликата, двата клуба имаат идентичен број бодови и се во трка за четвртата позиција која носи пласман во ЛШ. Ливерпул на домашен терен ќе против Кристал Палас, а Лестер е домаќин на Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови