
Ливерпул доживеа шокантен пораз (0-1) на „Енфилд Роуд“ од Барнли и ја прекина неверојатната серија од 68 натпревари без да загуби на домашен терен. Избраниците на Јирген Клоп имаа многу шанси, но на крајот Барнли со гол од пенал стигна до изненадувачки триумф.
Менаџерот Јирген Клоп, нормално, беше бесен по новото очајно издание на неговите напаѓачи.
„Барнли ни удри бокс во лице. Имаме шанси, но не можеме да ги реализираме. И тоа не само на овој натпревар. Ако седам овде, не постигнам гол на четири натпревари едноподруго и зборувам за титулата – тогаш ќе излезам смешен. Ова навистина не е лесно да се објасни. Овие момци како да не се истите кои го победија Кристал Палас со 7-0“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул сега има шест бода негатива во однос на Манчестер Јунајтед, лидерот на табелата во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
