
Селекторот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Јирген Клинсман, направи скандал откако го повика играчот од средниот ред Џун-Хо Сон, кој моментно е во затвор во Кина.
Сон (31) е уапсен под сомнение за примање поткуп и лажирање резултати. Претпоставката на кинеските власти е дека играчот од средниот ред на Шандонг Таишан добивал пари за местење натпревари.
Според планот на Клинсман, фудбалерот кој беше во националниот тим на последното Светско првенство треба да игра на пријателски натпревар на 16 јуни против селекцијата на Перу.
„Не знаеме каква е неговата состојба физички и психички. Секој ден се надеваме дека нешто ќе се промени, но тоа не е во наша моќ. Тој ја има нашата целосна поддршка. Јужнокорејската федерација се обидува да го договори неговото ослободување од затвор. Досега залудно се трудиме“, изјави Клинсман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal