Connect with us

Клатенбург објасни: Нема доволно докази за да не биде признат голот на Вест Хем

Вест Хем го победи Арсенал на „Емирати“ со 0-2, а првиот гол на Томас Соучек предизвика многу контроверзи. Џерод Боувен можеби беше надвор од гол-линијата заедно со топката, но ВАР – системот тоа не го потврди.


Пристигна коментарот од легендарниот англиски судија Марк Клатенбург. Тој истакна дека немало доволен број докази за да не биде признат водечкиот гол на Вест Хем.

Тој потенцира дека судијата Мајкл Оливер и луѓето од ВАР собата немале реален агол да проценат дали топката излегла надвор од теренот кога Боувен го проигра стрелецот Соучек.

„Од аглите кои јас ги видов, не можеше да се донесе сигурен заклучок, но ми изгледа дека топката е на линија. Кога нема јасен доказ, не може да се менува одлуката на главниот судија“, изјави Клатенбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови