Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 0-3 на Националната арена „Тодор Проески“ и ги загуби шансите за првото место во групата кое води во плеј-оф за пласман на ЕВРО 2024. Теорија се уште постои, но Грузија ја оствари третата победа и со девет бода е убедливо напред на табелата.
Елиф Елмас имаше два одлични обиди во првиот дел, но шутираше директно во противничкиот голман Ѓорѓи Мамардашвили. Александар Трајковски упати проектил, но за малку беше непрецизен, а Енис Барди се обиде од слободен удар, но директно во голманот.
Грузија додаде гас на почетокот на второто полувреме и го реши мечот.
Буду Зивзивадзе во 52.минута го совлада Столе Димитриевски по центаршутот од левата страна, а десет минути подоцна Квича Каварачкелија со силен удар од 25 метри зголеми на 0-2.
Во завршницата, Отар Китеишвили постигна трет погодок во 84.минута и дефинитивно го реши дуелот.
Македонија на 12 јуни ќе го пречека Гибралтар во следното коло од Лигата на нации. Гибралтар вечерва ја изненади Бугарија на домашен терен играјќи 1-1.
МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 0-3 (0-0)
Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 10.000. Судија: Рој Рајншрајбер (Израел). Стрелци: Зивзивадзе 52′, Кварачелија 62′, Китеишвили 84′ (Грузија). Ж. Картони: Велковски, Дав. Бабунски (Македонија), Какабадзе, Зивзивадзе (Грузија)
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ашковски, Муслиу, Велковски, Алиоски, Барди, Елмас (78. Тодороски), Спировски (71.Миовски), Чурлинов, Трајковски (59.Николов), М. Ристовски (71. Дав. Бабунски).
ГРУЗИЈА: Мамардашвили, Какабадзе (83. Лобжанидзе), Кашија, Кочолава, Кварачелија (83. Ќазашвили), Квирквелија, Абурџанија (61. Китешвили), Квеквешкири, Циташвили, Зивзивадзе (72. Микаутадзе), Давиташвили (72. Мамучашвили).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski