
Селекторот на Шкотска, Стив Кларк, зборува пред големиот почеток на ЕВРО 2024. Шкотланѓаните ќе се сретнат со домаќинот Германија во воведниот меч, а Кларк беше дециден дека неговиот тим нема да пристапи со страв на средбата.
„Знаеме дека е голем натпревар. Во група со само четири селекции имаме три натпревари и знаеме што треба да направиме за да се квалификуваме и на тоа сме фокусирани“, изјави селекторот на шкотската репрезентација.
„Сигурно ни претстои тежок натпревар. Отсекогаш сум пристапувал на еден начин – почитувајте ги сите, но не се плашете од никого. Доаѓаме овде со многу почит кон домашниот тим, знаеме дека Германија е одлична селекција, но се надевам дека вечерва ќе можеме да покажеме дека и ние сме добар тим“, додаде тој.
„Секогаш кога ќе излеземе на теренот веруваме дека можеме да постигнеме добар резултат. Инаку која е поентата? Подготвени сме, се надевам дека ќе го покажеме тоа. Треба да бидеме горди што сме тука. Помина долго време од 1998 година – кога последен пат патувавме на ваков голем фудбалски собир па се надеваме дека на крајот сме уште погорди што постигнавме нешто значајно за шкотскиот фудбал“, заврши селекторот на Шкотска.
Натпреварот меѓу Германија и Шкотска се игра вечерва на „Алијанц арена“ во Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
