
Вест Хем стигна до нова победа во Конференциската лига на УЕФА. Англискиот тим со 1-0 го совлада Силкеборг. Тоа беше петти триумф во групата за Вест Хем, а стрелаше Ланзини од пенал во 24. минута.
Сиваспор славеше со 3-0 против Клуж на домашен терен и го презеде врвот во групата Г, а Славија Прага минимално го победи Балкани (0-1).
Слован Братислава со пресврт го победи Пјуник со 2-1. Од македонските фудбалери во гостинскиот тим вечерва настапи само Спировски, додека Радевски и Ристовски не беа ниту на клупата за резерви.
Ѓургарден на гости го совлада Молде со 2-3, а Хартс ја победи Рига со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski