
Олимпијакос испиша нова историја на грчкиот фудбал освојувајќи го првиот европски трофеј. „Црвено-белите“ од Пиреја успеаја да слават во финалето против Фиорентина со 1-0, а стрелец на победничкиот гол беше Ел Кааби во 116.минута.
DANS L’HISTOIRE ! AYOUB EL KAABI EST LE PREMIER MAROCAIN A MARQUÉ EN FINALE DE COUPE D’EUROPE 🇲🇦🤩
— SOCCER212 (@SCCR_212) May 29, 2024
HISTORIQUE ON A DIT pic.twitter.com/aJ05fKnWJ5
Тој со удар со глава ја затресе мрежата на италијанскиот тим, а потоа следуваше неколкуминутна драма при проверката на можен офсајд од ВАР – системот.
На трибините настана делириум кога дојде одлуката дека голот на Ел Кааби е регуларен.
За Фиорентина е ова втор последовен пораз во европско финале. „Виолетовите“ минатата година беа поразени од Вест Хем со 2-1 во финалето на Конференциската лига, а голот исто така беше постигнат во последните моменти, во 90.минута од Џерод Боувен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
