Connect with us

КЛ: Олимпијакос обезбеди гол предност пред реваншот во Истанбул (ВИДЕО)

Дуелот во Конференциската лига меѓу грчкиот Олимпијакос и турскиот Фенербахче секако го привлекува вниманието на европската јавност. Првиот дуел во Пиреја заврши 3-2. Олимпијакос обезбеди минимална предност пред реваншот во Истанбул.

Сепак, Грците можат да жалат, затоа што имаа и предност од 3-0. Фортунис во осмата минута донесе водство, а Стеван Јоветиќ го удвои во 32.минута.

Чикињо во 57.минута постигна трет гол за Олимпијакос и беше на повидок дебакл за Фенер. Сепак, турскиот тим се прибра и успеа да постигне два гола, враќајќи се резултатски во игра пред реваншот на домашем терен.

Душан Тадиќ од пенал намали на 3-1 во 68.минута, а шест минути подоцна погоди и Ирфан Кавечи.

Плзен и Фиорентина во првиот дуел одиграа 0-0, па патникот во следната рунда комплетно ќе се решава во Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови