Connect with us

КЛ: Македонија ЃП убедливо поразена од ЦСКА Софија (ВИДЕО)

Македонија ЃП го заврши настапот во Конференциската лига на УЕФА со убедлив пораз (4-0) од ЦСКА Софија. Ако „лавовите“ од Ѓорче Петров издржаа на првиот меч во Скопје и со фудбалер помалку цело полувреме, сепак, во Софија беа надиграни и поразени.

Половина час се држеше тимот на Муарем Бајрами, а потоа капитенот на ЦСКА, Јерген Матеј по корнер упати силен удар со глава и ја затеесе мрежата на Македонија ЃП.

Во второто полувреме комплетно се распадна играта на македонскиот тим. Георги Јомов во 61.минута постигна убав гол за водство од 2-0, а мечот беше решен по третиот погодок на Лазар Туфегџиќ во 78.минута. Конечниот исход го постави Дакенс Назон во 87.минута од дуелот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови