
Хрватскиот првак Динамо Загреб оствари триумф (0-1) на гости против Бетис во првиот натпревар од осминафиналето во Конференциската лига. Бруно Петковиќ од пенал го постигна единствениот гол на мечот.
Стефан Ристовски се најде во одбраната на „модрите“, а Аријан Адеми не е лиценциран за европските натпревари на Динамо.
Вилијан Жозе имаше шанса за израмнување во 89. минута, но неговиот шут заврши во стативата.
Бодо/Глимт имаше предност, но, сепак, не успеа да слави на гости кај Ајакс. Стовен Берхуијс во 97.минута го спаси гигантот од Амстердам од пораз.
Макби Хаифа го победи Гент со 1-0, додека Сервет и Лудогорец ремизираа без голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
