Connect with us

Кјелини јавно даде поддршка за Суперлигата: Дојдовме до точка од каде нема враќање

Капитенот на Јувентус Џорџо Киелини го поддржува формурањето на Европска Суперлига. Овој проект беше лансирана во април, но пропадна за 48 часа по големиот притисок од навивачите, медиумите и фудбалските организации.


Идејата прво ја напуштија англиските клубови, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а потоа и Атлетико Мадрид, Милан и Интер.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се единствените кои се уште не се откажуваат од тој проект.

Киелини е еден од ретките играчи што јавно ја поддржа идејата.

„Разговарав за ова во последните години со претседателот… Иднината на фудбалот се повеќе се движи кон европски пристап во споредба со националните лиги. Со сета почит, фудбалерите на Јувентус сакаат да ги играат тие натпревари. Спортистите од наше ниво, но и навивачите, сакаат да гледаат повеќе натпревари на европско ниво. Стигнавме до точка од која нема враќање“, изјави Киелини во интервју за DAZN.

Идејата на Суперлигата беше да се одвои од Лигата на шампионите и да организира сопствено натпреварување со 20 екипи. Петнаесет поканети клубови од петте најбогати европски фудбалски лиги би имале заштитен статус, додека преостанатите пет места би биле отворени за други клубови.

„Институциите, клубовите и играчите треба да се сретнат и да го реформираат календарот и да создадат нови натпреварувања за повторно да го обноват овој спорт, кој сè уште е најубав во светот, но може да се подобри“, рече Киелини.

„Во Соединетите Американски Држави, кои се мајстори за вакви работи, направија суперлиги во секој спорт“, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови