
Страшната сцена кога Кристијан Ериксен падна на тревата на стадионот во Копенхаген, на крајот од првото полувреме на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство, ја остави публиката на стадион и пред екраните во хорор. За среќа, не заврши кобно, Ериксен се наоѓа во болница, но е контактибилен и им зборувал со соиграчите кои веднаш притрчаа на помош на фудбалерот кој се онесвести во 43. минута од средбата, без контакт и далеку од другите учесници на натпреварот.

Најприбран меѓу нив беше Симон Кјаер. Токму тој, со навремена реакција, спречи Ериксен да го голтне јазикот во бесознание, го смести во правилна позиција и ги организираше своите соиграчи да формираат круг околу него додека медицинската служба го реанимираше.
Кјаер исто така се погрижи и да ја утеши девојката на Ериксен во најтешките моменти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница

Евро-фудбал
Шон Дајш е новиот менаџер на Нотингам Форест

Евро-фудбал
Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)
