Аргентинската ѕвезда Лионел Меси замина од „Камп Ноу“, ја напушти Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен. Сите сметаат дека тоа ќе биде огромна загуба за каталонскиот гигант кој не можеше да го лиценцира поради финансиските проблеми, но не и Кике Сетиен, поранешниот тренер на Барса. Тој вели дека многу често се прашувал дали Лео Меси воопшто му е потребен на тимот. Затоа што е одличен во офанзива, но речиси и да не игра одбрана.
„Многу често се прашував дали ми е потребна „десетка“ која ќе реши два натпревари со своите мајстории, но во најголем дел го нема никаде. Тој не трчаше, не се враќаше во дефанзива, поради него примавме голови. Тој беше сериозен проблем за тимот“, изјави Кике Сетиен, кој напомена дека во последните 40 години нема видено фудбалери помалку мовитирани за тренинг и за натпревари од ѕвездите на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













