Престојот на Федерико Киеза во Ливерпул може да биде многу краток. Крилниот напаѓач не успева да ja добие довербата на менаџерот Арне Слот и веројатно ќе замине во текот на зимата, пишува „Калчомеркато“.
Интерес за Киеза покажуваат Интер, Милан и Рома. Италијанецот сака да ја врати формата, поради што е отворен за позајмица во друг клуб.
Од почетокот на сезоната, Киеза има три натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања, на кои забележа една асистенција.
Ливерпул го доведе Федерико Киеза ова лето за 12 милиони евра. Напаѓачот потпиша договор до летото 2028 година со клубот од „Енфилд“.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













