Капитенот на италијанската фудбалска репрезентација, Џорџо Киелини, најави дека ќе дојде во Торино в понеделник со цел да го реализира својот нов договор со Јувентус, а со тоа да ги израдува навивачите на „старата дама“.
Киелини доби заслужен одмор по триумфот со италијанската репрезентација на Европското првенство, а на континенталниот турнир замина како слободен играч откако му истече договорот со Јувентус.
По одличните игри на Европското првенство, му се отвори можност да остане во Јувентус и очигледно е постигнат договор.
„Пристигнувам во Торино в понеделник. Сакам да освојам нови трофеи”, изјави Киелини, кој најверојатно ќе го продолжи договорот на уште една сезона поради неговата возраст.
Се шпекулираше дека тој бара неговата плата да се зголеми на 5 милиони евра годишно, но очигледно дека веќе има постигнато договор со раководството на италијанскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













